1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов суперлатив во Дубаи!

СН/дв
23 октомври 2020

Нова атракција во метрополата на Персискиот Залив: По највисокиот облакодер, Дубаи во Обединетите Арапски Емирати сега ја има и најголемата фонтана во светот.

https://p.dw.com/p/3kJhs
VAE Weltrekordversuch für den größten Springbrunnen in Dubai
Фотографија: Ahmed Jadallah/Reuters

„Фонтаната на палмите“ има површина од 1335 квадратни метри, нејзините млазници можат да исфрлаат вода до височина од 105 метри: Новоотворената фонтана најголема од ваков вид во светот,  потврди Гинисовата книга на рекорди. Фонтаната се наоѓа на вештачкиот остров Палм Џумеира, кој е во форма на палма.