1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: 20 години од нападите на 11 септември

11 септември 2021

Денеска се навршуваат 20 години од терористичките напади на 11 септември 2001 година во САД.

https://p.dw.com/p/40BZE
BG New York City 20 Jahre nach 9/11 | Tribute In Light
Фотографија: Chip Somodevilla/Getty Images

Во нападите загинаа речиси три илјади луѓе. Членови на терористичката мрежа Ал Каида насочија три киднапирани авиони кон кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и Министерството за одбрана во Вашингтон. Четвртиот авион се урна во сојузната држава Пенсилванија, откако патници им се спротивставиле на киднаперите.

САД ја одбележуваат 20-годишнината од нападите со низа манифестации. Според претседателот Џо Бајден, најсилната особина на земјата е националното единство. На нашата #ФотографијаНаДенот човек гледа кон „Почит во светлина“, уметничка инсталација во Долен Менхетн, која прво беше претставена шест месеци по нападите од 11 септември, а оттогаш може да се види секоја година на годишнината од нападите.