1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГерманија

Тешка автобуска несреќа во западна Германија

ЕМФ / дпа
29 март 2024

Втора тешка автобуска несреќа во Германија за само неколку дена - автобус со ученици се преврте кај Верл.

https://p.dw.com/p/4eF8v
Автобусот излетал од патот А44 и се превртел
Автобусот излетал од патот и се превртелФотографија: M. Neumann/Blaulicht Unna/dpa/picture alliance

Во автобуска несреќа на автопатот 44 во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија ноќеска се повредени над 20 лица. Во автобусот со околу 60 патници, кој кај Верл излетал од патот и се превртел, имало ученици од Варбург, соопшти портпарол на полицијата. Учениците се враќале од патување во Англија.

Полицијата првично информираше за 21 полесно и едно тешко повредено лице. Подоцна податокот е коригиран на 20 полесно повредени лица и еден тешко повреден. Како што се вели, никој не е во животна опасност. Возачот на автобусот наводно не е повреден. Причината за несреќата сѐ уште се утврдува, а според првичните сознанија во неа не учествувале други возила.

автобуска несреќа А44 Германија
Во автобусот имало околу 60 патнициФотографија: Daniel Schröder/dpa/picture alliance

Пред само два дена, во средата наутро (27.03), се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот А9 кај Лајпциг.Автобус со 54 патници на пат од Берлин кон Цирих излета од патот и се преврте. Притоа загинаа четири жени, шест лица се тешко повредени, а 29 се полесно повредени. Според досегашните сознанија, и во оваа несреќа не учествувале други возила. Против возачот на автобусот е покрената истрага поради сомневање за убиство од небрежност и нанесување телесни повреди од небрежност.