1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСомалија

Исламистички напад врз хотел во Могадишу

ЕМФ | агенции
10 јуни 2023

Безбедносните сили на Сомалија му ставија крај на нападот на исламистичката Ал Шабаб-милиција во хотел во Могадишу.

https://p.dw.com/p/4SPlr
По нападот врз хотелот Перл Бич во Могадишу: Сомалиски војник покрај уништени прозорци од хотелот
По нападот врз хотелот Перл Бич во Могадишу: Сомалиски војник покрај уништени прозорци од хотелотФотографија: Farah Abdi Warsameh/AP/picture alliance

Сомалиските безбедносни сили, според информации на телевизијата СНТВ, го опколиле и убиле бунтовниците на милицијата Ал Шабаб. Според наводи на сомалиската влада, претходно од хотелот Перл Бич на југот на Могадишу биле спасени „многу цивили“.

Сомалија Могадишу Перл Бич хотел
Според полициски наводи, во нападот загинале шест, а ранети се 10 цивилиФотографија: Farah Abdi Warsameh/AP/picture alliance

Завршувањето на нападот за агенцијата АФП е потврдено и од безбедносни кругови. Според полициски наводи, во нападот загинале шест, а ранети се 10 цивили. Очевидци вчеравечер (9.06) зборуваа за истрели и експлозии во хотел на омилената плажа Лидо. Одговорност за нападот презеде радикално исламистичката милиција Ал Шабаб, која има блиски врски со терористичката мрежа Ал Каеда. Милицијата Ал Шабаб од 2007 година се бори против сомалиската влада, која има поддршка од меѓународната заедница. Во 2020 година бунтовниците нападнаа хотел на плажа во Могадишу, при што загинаа десет цивили и еден полицаец.

Сомалија Могадишу напад врз хотел
Сомалиските безбедносни сили ставиле крај на нападот на бунтовниците Фотографија: Hassan Ali Elmi/AFP/Getty Images

Во извештајот до Советот за безбедност на ОН, во февруари годинава, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, информира дека 2022 година била година со најголем број цивилни жртви во Сомалија од 2017-тата досега. Најкрвавиот напад во историјата на земјата беше извршен во октомври 2017 година: 512 лица загинаа при експлозија на камион, а околу 300 други беа повредени. Властите и за овој напад, ја обвинија милицијата Ал Шабаб.

На 120 километри јужно од Могадишу вчера се случи инцидент во кој загинале 22 лица, меѓу кои најмалку две деца. Претставникот на локалните власти Абди Ахмед Али рече дека неколку мини експлодирале во близина на градот Корилолеј. Локалниот жител Ибрахим Хасан за АФП изјави дека повеќето од жртвите се „мали деца“ кои „умреле веднаш кога едно од нив допрело експлозивна направа во близина на игралиште“.

Регионот постојано е цел на напади на милицијата Ал Шабаб. Абди Ахмед Али за АФП изјави дека побарал помош за расчистување на неексплодираните гранати, кои, како што тврди тој, се расфрлани во целиот регион.