1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСловачка

Словачка: Здравствената состојба на Фицо се стабилизира

СН/агенции
18 мај 2024

Втората операција во петокот дава причина за оптимизам, изјави словачката министерка за здравство, Долинкова. Сепак, премиерот Фицо, кој беше ранет во обид за атентат, сè уште не може да биде преместен во Братислава.

https://p.dw.com/p/4g1oP
59-годишниот Роберт Фицо беше критично повреден од повеќе истрели во средата на 15 мај, 2024
59-годишниот Роберт Фицо беше критично повреден од повеќе истрели во средата на 15 мај, 2024Фотографија: Radovan Stoklasa/REUTERS

Три дена по обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо, состојбата на критично повредениот политичар очигледно се подобрува. Уште една двочасовна операција во петокот „придонесе за позитивна прогноза за здравјето на шефот на владата“, рече словачката министерка за здравство Зузана Долинкова денеска (18 мај, 2024) во клиниката во регионалниот главен град Банска Бистрица.

Не е можно преместување на Фицо во Братислава

Министерот за одбрана на Словачка, Роберт Калинак додаде дека нема да биде можно да се пренесе пациентот во главниот град Братислава во наредните денови. Калинак е и прв вицепремиер и го заменува Фицо за време на неговото отсуство.

Министерот за одбрана Роберт Калинак (во средина) и министерката за здравство Зузана Долинкова (десно) на прес-конференција за здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо
Министерот за одбрана Роберт Калинак (во средина) и министерката за здравство Зузана Долинкова (десно) на прес-конференција за здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт ФицоФотографија: Bernadett Szabo/REUTERS

59-годишниот Фицо беше тешко ранет од неколку истрели во средата (15 мај, 2024) во гратчето Хандлова, а потоа беше опериран неколку часа. Во петокот, Калинак ја опиша состојбата на премиерот како „многу сериозна“. Прорускиот шеф на владата продолжи да се лекува во болницата во Банска Бистрица, каде што беше примен по нападот во средата.

Осомничениот напаѓач е изведен пред кривичен суд

Фицо беше погоден од неколку истрели додека разговараше со граѓаните на улица по седницата на владата во малиот град Хандлова. Осомничениот атентатор, 71-годишен писател аматер од централниот словачки град Левице, веднаш беше совладан од безбедносните сили на местото на настанот и уапсен. Денеска тој беше изведен пред кривичен суд кој одлучува за  продолжување на неговиот притвор.

Според министерот за внатрешни работи, Матуш Сутај Есток, обвинетиот е „сторител самец“ кој бил разлутен поради исходот од претседателските избори во Словачка на кои победи Петер Пелегрини, сојузник на прорускиот популист Фицо.