1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондон и Брисел постигнаа договор за Северна Ирска

БГ /АФП
27 февруари 2023

Велика Британија и Европската Унија во понеделникот прогласија „ново поглавје“ во меѓусебните односи откако постигнаа нов договор за трговските правила во Северна Ирска по проблемите предизвикани од Брегзит.

https://p.dw.com/p/4O2sc
Риши Сунак Урсула фон дер Лајен
Британскиот премиер Риши Сунак и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер ЛајенФотографија: DAN KITWOOD/AFP

Премиерот Риши Сунак и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го усогласија договорот во Виндзор, западно од Лондон.

Договорот е постигна по едногодишни тензични преговори за ткн. Протокол за Северна Ирска, кој предизвика превирања во британската провинција, речиси 25 години по мировниот договор со кој беше ставен крај на вооружениот конфликт.

Договорен во 2020 година како дел од одлуката на Британија да ја напушти ЕУ, оригиналниот протокол предвидуваше останување на провинцијата во заедничкиот пазар на ЕУ и различни царински правила од оние кои важат во остатокот од Обединетото кралство, што ги налути про-британските унионисти и евроскептиците во Лондон. 

Владата во Лондон се закани со унилатерална промена на протоколот доколку ЕУ не се согласи на темелни промени, што ги залади односите и претставуваше закана од целосна трговска војна. 

„Ова е почеток на ново поглавје во нашите односи“, рече Сунак на прес-коференцијата со Фон дер Лајен. Таа го поздрави „историскиот“ договор кој ќе обезбеди „посилни односи меѓу ЕУ и Обединетото кралство“ кои ќе можат да одговорат на предизвици како руската агресија во Украина и климатските промени.