1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Ким во Русија: „Ja поддржуваме светата војна на Путин“

ЖА
13 септември 2023

Северна Кореја ја поддржува војната на Русија против Украина, јасно истакнал Ким Јонг Ун на средбата со претседателот Путин. Аналитичарите очекуваат Ким да ја поддржи Русија и со оружје.

https://p.dw.com/p/4WHAJ
Владимир Путин и Ким Јонг Ун
Владимир Путин и Ким Јонг Ун на космодромот Восточни во РусијаФотографија: Sputnik/Artem Geodakyan/REUTERS

Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун на Русија ѝ ја изразил поддршката на неговата земја во борбата против Западот и во војната против Украина. Двете земји зеднички ќе се борат против империјализмот, изјавил Ким денеска на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во рускиот космодром Восточни, на крајниот исток на земјата. 

„Русија започна света војна во одбрана на нејзиниот суверенитет и безбедноста против хегемонијалните сили. Ние постојано ќе ги поддржуваме одлуките на претседателот Путин и на руското раководство“, му пренесол Ким на Путин. Севернокорејскиот диктатор истанал дека е убеден во тоа дека нивната средба е чекор напред во подигање на нивото на односите на двете земји на ново ниво.

Претседател Владимир Путин од своја страна му ја ветил на гостинот поддршката на Русија во изградбата на сателити: „Токму затоа и дојдовме на космодромот Восточни“, изјавил Путин на новинарско прашање, со дополнување дека Ким пројавува голем интерес за руската ракетна техника.

Во текот на разговорите ќе бидат опфатени и воени теми, одговорил Путин на прашањето во врска со воено-техничка соработка на двете држави.

Аналитичарите претпоставуваат дека централна тема на советувањата меѓу Ким веројатно ќе биде  севернокорејска испорака на оружје на Русија  за нејзината војна против Украина. Северна Кореја би можела да ѝ испорача на Украина  артилериски гранати и антитенковски мини. За возврат, во голема мера изолираната Северна Кореја од Русија би добила модерна техника за сателити и  атомски подморници,  а секако и помош во храна за населението во сиромашниот сосед.