1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоИзраел

Во Ерусалим Дедо Мраз доаѓа на камила

6 декември 2023

За да ги разнесе подароците, на Дедо Мраз не му помагаат само ирваси, туку и камили. Доказ за тоа е Иса Касисијех.

https://p.dw.com/p/4ZpDr
Дедо Мраз во Ерусалим
Дедо Мраз во ЕрусалимФотографија: Ammar Awad/REUTERS

Веќе 15 години Палестинецот Иса Касисијих преоблечен како Дедо Мраз ги усреќува децата во Ерусалим. Како дете, тој самиот никогаш не го сретнал Дедо Мраз. Затоа, желба му била на децата во Светата земја да им го пружи ова задоволство и вистински се труди. Во приземјето на неговата куќа во стариот дел од градот тој создал „Дом на Дедо Мраз“ а во 2017 година во САД се здобил со диплома за Дедо Мраз.