1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаИндонезија

Смртоносна ерупција

СН/агенции
5 декември 2023

Вулканот Мерапи е еден од најактивните вулкани на индонезискиот остров Суматра. По ерупцијата во неделата тој продолжува да исфрла пепел и лава, со фатални последици.

https://p.dw.com/p/4Zms0
BdTD Indonesien | Vulkanausbruch Mount Marapi
Фотографија: Ardhy Fernando/AP Photo/picture alliance

Бројот на загинати во ерупцијата на вулканот Мерапи во западна Индонезија се искачи на 13, откако беа пронајдени телата на двајца планинари, соопшти денеска локалната спасувачка служба.

„Вкупниот број на загинати во моментов е 13. Сѐ уште се трага по десет исчезнати планинари“, наведе службата.

Ерупцијата на вулканот Мерапи на островот Суматра започна во неделата попладне по локално време. 

Вулканот исфрлаше пепел на 3.000 метри над својот врв.

Мерапи е висок 2.891 метар, а неговото име значи „огнена планина“. Тој е најактивниот вулкан на Суматра.

Индонезиските власти воспоставија зона на евакуација од три километри околу вулканот.

Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, каде што спојувањето на континенталните тектонски плочи предизвикува голема вулканска и сеизмичка активност. Земјата има речиси 130 активни вулкани.