1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Капење во реката Идн

10 јуни 2023

Капење во реката Идн за време на саемот на коњи во северозападна Англија - тоа им годи и на животните и на нивните сопственици.

https://p.dw.com/p/4SPgJ
Коњ и неговиот сопственик во реката Идн, северозападна Англија
Коњ и неговиот сопственик во реката Идн, северозападна АнглијаФотографија: OLI SCARFF/AFP

Саемот за коњи во градот Еплби-ин-Вестморланд, на северозападот од Англија, се одржува секоја година. На него доаѓаат илјадници посетители од цела Велика Британија. Тоа е место за средби, за продажба и за купување коњи.