1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаФранција

Џиновски калеидоскоп

СН/агенции
8 декември 2023

Еднаш годишно, четири ноќи во декември, во Лион се одржува Фестивалот на светлината. Блескавиот фестивал се празнува во чест на Пресвета Богородица. .

https://p.dw.com/p/4ZuXl
BdTD Frankreich | Fete des Lumieres
Фотографија: OLIVIER CHASSIGNOLE/AFP/Getty Images

Луѓето на оваа фотографија стојат во џиновски калеидоскоп, инсталација на францускиот уметник Гијом Мармин, за време на Фестивалот на светлината, во Лион, централно источна Франција, на 7 декември 2023 година. Фестивалот на светлината се одбележува секоја година од 8 декември 1852 година, на празникот на безгрешното зачнување на Пресвета Богородица, откако градот бил поштеден од чумата во 1643 година. Тој стана важен економски фактор за градот Лион и сега се одржува четири вечери. За време на фестивалот се осветлуваат цели делови од градот, а фасадите на зградите се трансформираат во светлосен спектакл. Секоја година на фестивалот учествуваат околу четири милиони луѓе.