1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Без шамија покрај плакат со ирански ракети

20 април 2024

Млади Иранки без задолжителните шамии минуваат покрај плакат кој прикажува лансирање ракети на карта од Иран.

https://p.dw.com/p/4f05D
BdTD | Nahostkonflikt - Iran
Фотографија: Vahid Salemi/AP Photo/picture alliance/dpa

Фотографијата е направена во Техеран, на денот на нападот врз Иран, кој, според американски медиумски извештаи, го извршил Израел. По него следуваше блага реакција од страна на Техеран. Со тоа можеби е запрена спиралата на насилство меѓу Израел и Иран, барем засега. Претходно, со оглед на опасноста од пожар во целиот регион, на деескалација повикаа не само западните партнери на Израел, како САД, Германија и ЕУ, туку и Русија и Кина.