1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: Стотици илјади прерано починати поради загадениот воздух

СН/агенции
24 ноември 2022

Лошиот воздух е смртоносен: Во Европската унија, голем број луѓе и натаму умираат прерано бидејќи се изложени на ситна прашина. Ризикот е најголем за жителите на градовите. Но, има и добри вести.

https://p.dw.com/p/4Jyyv
Luftverschmutzung in Polen
Фотографија: Artur Widak/picture alliance/NurPhoto

Најмалку 238.000 луѓе во ЕУ предвремено починале во 2020 година поради загаденост на воздухот, и покрај тоа што квалитетот на воздухот генерално се подобрил, покажуваат најновите податоци на Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Аналитичарите од агенцијата нагласуваат дека загадувањето на воздухот е „најголем здравствен ризик во Европа и оти значително влијае на здравјето на Европејците, особено во градовите“, и покрај тоа што најголемите загадувачи ги намалија емисиите на штетни гасови.

Според податоците на ЕЕА, во 2020 година забележани се најмалку 238 илјади предвремени смртни случаи поради изложеност на ситна прашина односно ПМ2.5 честички, при што 96 насто од градското население е изложено на нивоа кои се над препораките на Светската здравствена организација.

Пад на бројот на починати

Истовремено, азотниот диоксид предизвикал 49.000 прерани смртни случаи, а изложеноста на озон 24.000, соопштуваат од ЕЕА. Меѓутоа, бројот на прерана смртност поради изложеност на ПМ2.5 опаднала за 45 насто од 2005 до 2020 година. „Ако продолжи трендот, се очекува дека во ЕУ ќе се оствари целта и до 2030 година ќе се намали бројот на прерана смртност за 55 отсто“, пишува во извештајот.

„Сепак, потребни се дополнителни напори за да се исполни целта за нулта загаденост до 2050 година или за намалување на загаденоста на воздухот на нивоа кои не се штетни за здравјето“, додаваат од ЕЕА.