1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Единствениот украински барател на азил во Северна Македонија

Емилија Петреска
29 јануари 2024

По почетокот на руската инвазија на Украина, Давид постојано се будел од звукот на експлозии во близина на неговиот дом на југот од државата. Тој решил да избега во Северна Македонија. Повеќе од шест месеци престојува во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово, каде чека да добие статус на азилант. Додека чека, тој создава уметност.

https://p.dw.com/p/4bn1O

Давид (името е сменето од безбедносни причини) е единствениот барател на азил од Украина во Северна Македонија. 40-годишникот е еден од 3,7 милиони луѓе раселени поради војната во Украина.

„Војна е. Некои луѓе веќе загинаа. Некои од луѓето кои ги знаев, со мирен живот. Тешки времиња. Јас не сум војник. Војникот исто така нема слобода. Јас решив да избегам. Не знам што оставив, но добив слобода“, вели Давид.

Тој е сместен во Прифатниот центар во Скопје. Во Македонија е сам, а враќањето во Украина е потенцијална опасност. Додека чека азил, прави фигури од глина:

„Кога детето сака да каже нешто смешно, прави гримаса. Така што, оваа жаба е како тие деца, прави забава“, објаснува Давид. 

Фигура од глина направена од Давид, единствен барател на азил од Украина во Северна Македонија
Фигура од глина направена од Давид, единствен барател на азил од Украина во Северна МакедонијаФотографија: Emilija Petreska/DW

Преку уметноста, Давид си ја лекува душата, но и се вклопува во општеството.

Повеќе во видеото.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема